Денови на виното и меракот

Денови на виното и меракот — изложбен и продажен настан на лозарите од нишкиот винарски регион, кој се одржува секоја година во месец февруари во Нишка Бања.

Бело и црвено вино и чаши.

Содржина

уреди

Ова е воедно и гастрономско-туристичка манифестација со цел зачувување на традицијата и подобрување на туристичката понуда на Нишка Бања. Покрај организирањето на изложба на вино и ракија, изложбата вклучува и национални кулинарски специјалитети. Составен дел од програмата е дегустација на вино и ракија. Производите на изложбата може да се пробаат, но и да се купат по пристапни цени. Традиционалните специјалитети и „послужување“ вклучуваат: бело вино, црвено вино, розе вино, лозова ракија, греана ракија и варено вино.

За време на настанот се поставени монтажни штандови со алкохолни и безалкохолни пијалоци, кулинарски специјалитети, но и пригодни сувенири од овој регион.

Настанот е проследен со културно-уметничка програма. Самата прослава завршува со прогласување на победникот односно најдобрите лозари.

Неофицијална химна на настанот е песната „ Нишка бања топла вода “.

Програма

уреди
 
Нишка Бања во зима
  • Официјално отворање
  • Културно-уметничка програма
  • Разгледување на вински штандови и лозари и дегустација на вино и ракија
  • Разгледување на гастро изложбениот дел и дегустација на националните специјалитети
  • Прогласување на победниците на „Деновите на виното и меракот“ и доделување на наградите [1]

Историја

уреди

Деновите на виното и меракот се одржуваат секоја година почнувајќи од 2002 година, по повод Денот на лозарите - Свети Трифун, на шеталиштето во Нишка Бања.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди
  • Тривунден
  • Нишка Бања
  • Денови на јоргованот Нишка Бања

Наводи

уреди
  1. Сајт Наисус
  2. Сајт Јужне вести