Деновите на Комуната
Деновите на Комуната ― драма на германскиот драматург од XX век Бертолт Брехт. Тоа го драматизира подемот и падот на Париската комуна во 1871 година. Претставата е приспособување на драмата „Пораз“ од 1937 година на норвешкиот поет и драматург Нордал Григ.[1] Соработничката на Брехт, Маргарет Штефин ја превела драмата на германски во 1938 година, а Брехт почнал да работи на нејзиното приспособување во 1947 година. Постапката била поттикната од друга соработничка на Брехт, Рут Берлау, која го запознала Брехт со Григ во 1931 година.
Делото се откажува од поединечниот драмски јунак и се насочува на самата Париска комуна, насобран состав од луѓе. Сцените се менуваат помеѓу различните животи на луѓето, одат од аглите на Монмартр до Париското градскиот собрание. На овој совет, непријателите на Комуната, Тјер и Бизмарк, го инженерираат нејзиниот колапс.
Претставата дава поединости за настанот што се смета за првична пролетерска револуција и главен настан во социјалистичката револуција. Карл Маркс ја гледал Комуната - која остана единствениот обид за дефинитивно социјалистичка власт за време на неговиот живот - како вовед на бескласното комунистичко општество. Драмата на Брехт развива ленинистичка интерпретација на Комуната.
Тој е еден од главните извори за првиот чин на операта на Лујџи Ноно „На големото сонце полно со љубов“.
Била изведена на 100-годишнината од Париската комуна, во март 1971 година, во две изведби на Харвардскиот универзитетот и на Универзитетот Јеил под раководство на Леонард Лерман.
Верзија во режија на Зои Белоф, била изведена на улиците на Њујорк во текот на неколку месеци во 2012 година, а филмска верзија може да се види на нејзината мрежна страница.[2]
Наводи
уреди- ↑ Кога нацистите ја нападнале Норвешка во 1940 година, Григ избегал во Обединетото Кралство, и служел во неговата влада во егзил. Тој исто така служел како воен дописник и набљудувач за операциски мисии за РАФ, и починал во 1943 година откако бил соборен за време на напад врз Берлин.
- ↑ http://www.daysofthecommune.com
Извори
уреди- Калабро, Тони, Bertolt Brecht and the Art of Dissemblance, Longwood Academic, 1990.