Демографија на Тунис
Според податоци од 2006 година, населението на Тунис 10 327 800 изнесува луѓе.
Старосна структура
уреди(2008)
- от 0 до 14 години: 23,2% (мажи 1 246 105; жени 1 167 379)
- от 15 до 64 години: 69,7% (мажи 3 638 062; жени 3 595 254)
- от 65 нагоре: 7,1% (мажи 345 590; жени 391 187)
(2010)
- от 0 до 14 години: 22,2% (мажи 1 213 664; жени 1 137 084)
- от 15 до 64 години: 70,5% (мажи 3 759 955; жени 3 704 677)
- от 65 нагоре: 7,3% (мажи 358 447; жени 415 198)
Коефициент на плодност
уредиЕтнички состав
уредиВо текот на својата историја, главно поради својата местоположба, со овие простори владееле најразлични цивилизации, од Фенекијците, Картагените, Старите Римјани, Вандалите, Арапите, Отоманците и Французите. Сите владетели глобално го колонизирале просторот, кое означува дека на неколкупати етнилчкиот состав на Тунис се менувал. Сепак, се смета дека Берберите се најстаро племе или народ којшто живее денес во Тунис.
Исто така, по крајот на Реконквистата и протерувањето ан голем број на нехристијанско население од територијата на новосоздаденатс Шпанија, голем број од нив, главно Маври и Евреи, се населиле на овие простори, во текот на 14 век. Покрај тоа, од крајот на 1800-тите до Втората светска војна, Тунис бил дом на голем број на Французи и Италијанци (255,000 Европејци во 1956)[1].
Мнозинството [2] од денешното население на земјата се сметаат за Арапи или Бербери,[3] и зборуваат на арапски јазик. Сепак, постои исто така и една мала група (1%) [4] население која живее во југоисточниот дел од земјата и кои се сметаат како директни потомци на старите Бербери, кои зборуваат на берберски јазици.
Една мала европска популација (1%) се состои претежно од Французи и Италијанци, како и еврејска популација. Во 1948 година, еврејската популација броела околу 105.000, но до 2003 година во земјата останале само околу 1.500 евреи.[5]
Религија
уредиСпоред уставот на Тунис, исламот е прогласена како официјален на територијата на целата земја, и се бара да прењтаедателот биде муслиман. Сепак, во земјата се почитуваат и негуваат и останатите религии, каде според уставот се гарантира слободата на нечија религија..[6]
Мнозинството од населението во Тунис (98%) се муслимани, 1% го следат христијанството, а остатокот (1%) се придржуваат кон јудаизмот или други религии[7]. Меѓутоа, не постојат сигурни податоци за бројот на муслиманите.
Тунис има прилично голема христијанска заедница од околу 25.000 приврзаници, главно католици (20.000) и во помал степен протестанти. Јудаизмот е трета по големина религија со 1.500 членови. Една третина од еврејската популација живее во и околу главниот град. Остатокот живее на островот Џерба, каде што еврејската заедница датира од пред 2.500 години[6].
Јазик
уредиПишаниот арапски јазик е службен јазик во земјата, но исто така во голема мера се користи и тунискиот арапски јазик, кој е локален народен јазик. Овој јазик се зборува во Тунис од страна на околу 11 000 000 луѓе. Овој јазик во Тунис се зборува насекаде. Многу е сличен со алжирскиот арапски и либискиот арапски јазик. Но, неговата морфологија, синтакса и речник многу се разликува од стандардниот арапски јазик. Исто така, во земјата се зборуваат и Берберски јазици.[8]
Главно поради француската окупација, денеска францускиот исто така игра голема улога во културниот живот на населението, и покрај тоа што нема официјален статус. Тој е широко користен во образовните институции, печатот и бизнисот. Голем број од населението го познава односно го зборува тој јазик. Поради блискоста со Италија, во земјата се зборува и италијанскиот јазик.
Наводи
уреди- ↑ "Contours of the world economy, 1-2030 AD: essays in macro-economic history". Angus Maddison (2007). Oxford University Press. стр.214. ISBN 0199227217
- ↑ Tunisia. Архивирано на 16 октомври 2012 г. CIA World Factbook.
- ↑ Columbia Gazetteer Архивирано на 2 октомври 2008 г.}}
- ↑ Q&A: The Berbers. BBC News. March 12, 2004.
- ↑ The Jews of Tunisia. Jewish Virtual Library.
- ↑ 6,0 6,1 Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor (2008). „International Religious Freedom Report 2008“. US State Department. Наводот journal бара
|journal=
(help);|contribution=
е занемарено (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ↑ „CIA - The World Factbook -- Tunisia“. Архивирано од изворникот на 2012-10-16. Посетено на 2010-10-02.
- ↑ Gabsi, Zouhir (2003) 'An outline of the Shilha (Berber) vernacular of Douiret (Southern Tunisia)', UWS.edu.au Архивирано на 26 мај 2008 г.
Надворешни врски
уреди„Демографија на Тунис“ на Ризницата ? |