„Декалог 9“ (полски: Dekalog, dziewięć) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Главните улоги ги играат: Ева Блашчик (Ewa Błaszczyk) (Hanka), Пјотр Махалица (Piotr Machalica) (Roman), Јан Јанковски (Jan Jankowski) (Mariusz), Artur Barciś (Артур Барциш), Јоланта Пјетек-Горецка (Jolanta Piętek-Górecka), Катажина Пивоварчик (Katarzyna Piwowarczyk) и Јежи Трела (Jerzy Trela).[1]

Содржина

уреди

Роман (го игра Махалица) е импотентен. Тој е свесен за сексуалните потреби на неговата жена Ханка (ја игра Блашчик) и отворено зборува дека таа треба да си најде љубовник. Меѓутоа, кога ќе дознае дека таа веќе има љубовна врска со младиот студент Мариуш (го игра Јанковски), Роман станува многу љубоморен и постојано ги прислушкува нивните телефонски разговори. Во една прилика, Роман се крие во станот во кој Ханка се среќава со љубовникот и тогаш слуша дека таа ја прекинува љубовната врска. Потоа, тие продолжуваат да живеат мирен брачен живот, а во меѓувреме посвојуваат девојче. Зимата, Ханка заминува на скијање во Закопане, а кога дознава дека таму се наоѓа и Мариуш, Роман се обидува да изврши самоубиство. Во Закопане, штом го здогледува Мариуш, Ханка вднаш се враќа дома, каде го наоѓа прошталното писмо на Роман. Тогаш, таа добива телефонски повик од болницата и дознава дека тој е жив.

Наводи

уреди