„Декалог 10“ (полски: Dekalog, dziesięć) — полски телевизиски филм од 1988 година, во режија на Кшиштоф Кишловски (Krzysztof Kieślowski), кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјесјевич (Krzysztof Piesiewicz). Главните улоги ги играат: Јежи Стур (Jerzy Stuhr), Збигњев Замаховски (Zbigniew Zamachowski), Хенрик Биста (Henryk Bista), Олаф Лубашенко (Olaf Lubaszenko), Мачеј Стур (Maciej Stuhr) и Јежи Турек (Jerzy Turek).[1]

Содржина

уреди

Еден човк умира и на двата сина им ја остава во наследство својата извонредно вредна збирка на поштенски марки. Синовите не знаат ништо за марките, но постепено откриваат дека се многу ретки и вредни, па затоа не сакаат да ги продадат. Од еден трговец со поштенски марки дознаваат дека нивниот татко целиот живот бил во потрага по една ретка марка која му недостигала во збирката. Марката ја поседува еден човек чија ќерка е болна и треба да ѝ се пресади бубрег. Постариот син се согласува да го даде својот бубрег во замена на марката. Меѓутоа, додека тој лежи во болницата, непознати лица влегуваат во станот на татко им и ја крадат збирката. Најпрвин, браќата се сомневаат еден во друг, но потоа сфаќаат дека се ограбени од трговците со марки. Потиштени, независно до едне од руг, тие купуваат марки со цел да создадат своја збирка.

Наводи

уреди