Данок во крв
Данокот во крв[3] или девширме во Османлиското Царство се состоел од собирање на најздравите деца, од христијанската раја, кои биле водени во Цариград, воведувани во исламот и подложувани на специјален режим на воспитување.[4]
Прв пат во изворите се споменува во 1395 година, а за време на султанот Мурат II (1431-1451 година), бил озаконет. Освен неколку исклучоци, целото христијанско население во европскиот дел на Царството, а подоцна и во азискиот дел, било подложено на девширме. Старосната граница на собраните деца се движела меѓу 8 и 20 години, во зависност од потребите.[5]
Најнадарените деца (ич оглани) биле избирани и тренирани во една од царските палати, со цел да станат лична придружба на султанот. Повеќето од другите деца (аџеми оглан) станувале припадници на јаничарскиот корпус. Тие уживале голем број привилегии, што им овозможувало да заземат високи позиции во државната хиерархија. За време на војна служеле како пешадија, заземајќи ја централната позиција во воената формација и штитејќи го султанот.
Се смета дека до средината на 18 век до кога постоела оваа институција, вкупно биле собрани и исламизирани околу 200 000 илјади христијански деца.[5]
Данокто во крв како тема во книжевноста
уреди- „Мостот на Дрина“ — книга на југословенскиот писател Иво Андриќ.[6]
Наводи
уреди- ↑ Nasuh, Matrakci (1588). „Janissary Recruitment in the Balkans“. Süleymanname, Topkapi Sarai Museum, Ms Hazine 1517. Архивирано од изворникот на 3 December 2018. Посетено на 20 November 2016.
- ↑ Finkel, Caroline (2007). Osman's dream : the story of the Ottoman Empire, 1300-1923. Basic Books. стр. 325. ISBN 978-0465023967.
- ↑ Ingvar Svanberg and David Westerlund, Islam Outside the Arab World, Routledge, 1999, p. 140
- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 145. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 5,0 5,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 145. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.