Дебарска епархија

Дебарската епархија (XI в.) – од XI в. била позната како епархија на Охридската архиепископија. Го опфаќала горниот дел на Дебарско – Кичево и Порече, како и Долнодебарскиот крај во Пешкопеја (Албанија). Во почетокот нејзиното седиште било во Пешкопеја, која се нарекувала Долни Дебар. Во XVII в. се сретнува и како Дебарско-кичевска епархија, а во периодот на Егзархијата како Велешко-дебарска епархија.[1][2][3][4]

Известување за решението на Патријаршискиот Синод да постави Србин за епископ во Велешко-дебарската епархија. (Цариград, 18 јуни 1908)

Наводи

уреди
  1. Иван Снегаров, Историја на Охридската архиепископија, I–II, второ фототипно издание, Софија, 1995
  2. М. Јанковиќ, Епископије и митрополије Српске цркве у средњем веку, Београд, 1985
  3. Р. Грујиќ, Дебарска епархија, во: Азбучник Српске православне цркве, Београд, 1993
  4. Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997.