ДеАндре Лиџинс

Американски кошаркар


ДеАндре Лиџинс (роден на 31 март 1988 година, во Чикаго, Илиноис) е американски професионален кошаркар, избран како 53-ти пик од страна на Орландо Меџик во вториот круг на НБА- драфтот во 2011 година. ДеАндре е бек од Кентаки, со висина од 198 cm и тежина од 95 кг.

ДеАндре Лиџинс
ПозицијаБек
Висина198 см
Тежина95 кг
ЛигаНБА
ТимОрландо Меџик
Број34
Роден31 март 1988
Чикаго, САД
Професионална кариера{{{кариера_почеток}}} –сѐ уште

Универзитет

уреди

ДеАндре Лиџинс има играно три година за универзитетот на Кентаки. Првите две години, ДеАндре ги помина главно влегувајќи од клупата, сепак во неговата последна година, тренерот Џон Калипари се одлучи да го стави во првиот тим. По неговата последна година на универзитет, ДеАндре беше избран да учествува на НБА- драфтот, во 2011 година. ДеАндре беше избран во вториот круг( севкупно 53-ти), од страна на Орландо Меџик.


Универзитетска статистика

уреди
Универзитет Година ОН МИН УПН БПН СПН АПН ППН % ОП % СФ % 3П
Кентаки 2008–09 33 16.5 0.7 0.4 2.4 2.8 4.2 .362 .673 .235
Кентаки 2009-10 29 15.3 0.7 0.3 2.3 0.8 3.8 .419 .590 .318
Кентаки 2010-11 38 31.6 1.2 0.7 4.0 2.5 8.6 .424 .648 .391

Професионална кариера

уреди

Почнувајќи од 29 декември 2011 година, единствениот настап на Лиџинс беше само еден натпревар во подготвителниот дел од сезоната во НБА, на 21 декември 2011 година, против Мајами Хит. За 10 минути, ДеАндре постигна само еден бод со реализација 0-1 од поле и 1-2 од линијата за слободни фрлања. ДеАндре, исто така, имаше четири асистенции и еден скок. И покрај неговите слаби резултати во подготвителниот дел од сезоната, “Магичните” го ставија на списокот од 15 играчи на почетокот од сезоната.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди