Две минути омраза
Две минути омраза е поим кој се споменува во романот 1984 од Џорџ Орвел и означува период во денот кога членовите на Партијата во општеството на Океанија мора да гледаат филм во кој се прикажани непријателите на Партијата (особено Емануел Голдстајн и неговите следбеници) и да изразат омраза кон нив.
Филмот и неговите звучни и визуелни елементи (кои вклучуваат и непријатна бучава која Орвел ја опишува како да е „од некоја чудовишна машина што работи без масло“) се форма на перење мозок за членовите на Партијата, со цел да се западнат во треска на омраза кон Емануел Голдстајн и тековната супердржава-непријател. Очевидно, честа појава е оние кои ќе ги обземе ваквата омраза и физички да го напаѓаат теле-екранот, како што тоа го прави Џулија во текот на сцената.
Во книгата, намената на омразате е да се задоволат притаените чувства на нелагодност и омраза поради цензурираниот живот што го водат граѓаните. При тоа, воведен е и годишен фестивал наречен Недела на омразата како екстраполација на секојдневниот двоминутен период.
Орвел не го измислил терминот „две минути омраза“, кој се користел во текот на Првата светска војна. Во тоа време, британските писатели ја сатиризирале германската кампања за омраза кон Англичаните и замислувале пруско семејство како седнува на кујнската маса за доза од „утринска омраза“.[1]
Во текот на Првата светска војна, овој израз се користел за редовните дневни артилериски бомбардирања наменети за вознемирување на непријателот.[2]}}
Орвел исто така може да ја сатиризира Британската церемонија на „Две минути молчење“ во чест на жртвите на Првата светска војна која се одржува во Велика Британија и земјите на Комонвелтот.
Наводи
уреди- ↑ Graves, Charles Larcom (1 March 2004 [Upload date]). „Mr. Punch's History of the Great War“ (Various [plain text or HTML]). Project Gutenberg. Посетено на 12 November 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Monchy Au Bois“. British Isle Genealogy. Посетено на 12 November 2009.