Две Тахиќанки
Две Тахиќанки — слика од Пол Гоген од 1899 година. На неа се прикажани две жени топлес, една држи цветови од манго, на тихоокеанскиот остров Тахити. Сликата е дел од постојаната колекција на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а на музејот му ја донирал Вилијам Черч Озборн во 1949 година.[1]
Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1899 |
Димензии | 94 см × 72 см |
Место | Метрополитен, Њујорк |
Иако Тахити е прикажан како невин рај, двете жени на сликата се соочуваат со гледачот на начин сличен на оној во Манеовата Појадок на трева (1863) или Олимпија (1863),[2] и следат уметничка традиција на споредување на женските гради со цвеќиња или овошје.[3] Жените на сликата се појавуваат и во две други дела на Гоген, Фаа Ихеихе (Тахитски пасторал) (1898) и Рупе, Рупе (1899).[1]
Сликата била нападната на 1 април 2011 година, додека била на позајмица во Националната уметничка галерија во Вашингтон. Заштитата од плексиглас, спречила сликата да биде оштетена.[4][5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Two Tahitian Women - Metropolitan Museum of Art Retrieved July 15, 2012
- ↑ Sturma, Michael (2002). South Sea Maidens: Western Fantasy and Sexual Politics in the South Pacific. Greenwood Publishing Group. стр. 88–90. ISBN 0-313-31674-0.
- ↑ Schwarz, Daniel R. (1997). Reconfiguring Modernism: Explorations in the Relationship Between Modern Art and Modern Literature. New York: St. Matin's Press. стр. 85–86. ISBN 0-312-12660-3.
- ↑ „National Gallery visitor attacks Gauguin painting, officials say“. The Washington Post. April 4, 2011. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Gauguin painting in Washington DC attacked by woman“. BBC news. April 5, 2011.
Надворешни врски
уреди- Dale McFeatters (April 11, 2011). „Gauguin, CIA still have capacity to inspire“. Korea Times.