Двете половини на срцето

„Двете половини на срцето“ (српскохрватски: Двије половине срца) — филм на режисерот Вефик Хаџисмајловиќ од 1982 година. Главните улоги ги играат: Мирјана Карановиќ, Љубиша Самарџиќ, Дамир Варга и Зијах Соколовиќ.[1]

Синопсис

уреди

Безгрижното и весело момче Мак случајно дознава дека неговиот татко се гледа со друга жена. Набрзо, тоа го дознава и мајка му. Така, во нивниот дом започнуваат кавгите и семејството почнува да се распаѓа. Со тоа се урива и светот на Мак и се прекинува неговото безгрижно детство...

Наводи

уреди