Двете Англичанки и континетот
Двете Англичанки и континентот (француски: Les deux Anglaises et le continent) е француски филм од 1971 година, во режија на Франсоа Трифо. Филмот е заснован на романот на Анри-Пјер Рош. Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео, Кика Маркам, и Стејси Тендетер.[1]
Синопсис
уредиДејствието се одвива на почетокот на 20 век. За време на патувањето во Велс, Французинот Клод (го игра Лео) ги запознава сестрите Ен (ја игра Маркам) и Мјуриел (ја игра Тендетер). Ен е вајарка, а Мјуријел е учителка. Во текот на следните 20 години се менуваат чувствата меѓу Клод и двете сестри, но романтичните односи често ги оневозможува физичката оддалеченост, двете силни мајки и конвенциите на времето. Клод станува уметнички критичар и сите тројца ги изразуваат своите потиснати страсти низ нивните професии...