„Двајца“ (српски: Двоје) — филм на режисерот Александар Петровиќ од 1961 година. Петровиќ е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Беба Лончар, Миха Балох и Милош Жутиќ. Ова е првиот игран филм на Петровиќ, а претставува комбинација на драма и љубовен филм. Една година подоцна, филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал, а често се наведува како претходник на „црниот бран“ во југословенската кинематографија.[1]

Синопсис

уреди

Мирко (го игра Балох) случајно ја среќава Јована (ја игра Лончар) во која веднаш се заљубува, па продолжува упорно да ја бара. Потоа, тие се запознаваат и меѓу нив се раѓа љубов. Нивната врска трае една година, сè додека една вечер Јована се соочува со вистината дека Мирко не ја сака повеќе.

Наводи

уреди