Дваесет и дветочкеста бубамара (Psyllobora vigintiduopunctata) е 3–5 mm долга бубамара од Европа.[2] Наткрилцата ѝ се жолти со 22 црни точки. Пронотумот е жолт со 5 црни точки.[3] За разлика од повеќето други бубамари кои се хранат со лисни вошки, 22-точкестата бубамара јаде еден вид на габична мувла - особено од штитоцветни и нискорастечки грмушки.[4] 22-точкестата бубамара најдобро се бара меѓу ниската вегетација.[5]
↑Linnaeus, C. 1758. Systema Naturae per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis, Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiæ: impensis direct. Laurentii Salvii. i–ii, 1–824 pp