Дарко Спејко

Дарко Петковски Спејко (27 март 1988, Куманово) – спортист и јавна личност од Македонија.

Дарко Спејко Петковски
Дарко Спејко1.jpg
Роден 27 март 1988
Куманово, Република Македонија
Занимање Спортист
Дарко Спејко

ЖивотУреди

Започнал да тренира гимнастика на 6-годишна возраст, со 9 години ракомет, а подоцна по неколку години кошарка. Играше за второлигашки клубови, по што се врати во атлетиката. Тој е шампион на Македонија во трискок за 2014 година.

Во 2015 година учествуваше во реалното ријалити шоу Големиот брат при што ја освои првата награда.

Во Куманово имаше своја кошаркарска школа „Ball for life“.

Денеска освен што е модел и инфлуенсер, Спејко е спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово.