Данило Дончиќ (српски: Данило Дончић; 20 август 1969 - 1 мај 2024) — српски фудбалски тренер и поранешен играч.

Дончиќ како ја следи играта

Почетниот живот

уреди

Роден е во Врање, но поголемиот дел од почетокот на својот живот го поминал во Белград.[1] Својата младинска фудбалска кариера ја започнал во клубот на ФК Белград пред да се приклучи на неговиот прв професионален фудбалски тим, ФК Рудар од Љубија, кој тогаш настапувал во Втората југословенска лига.

Играчка кариера

уреди

Својата професионална кариера ја продолжил во познатите српски фудбалски клубови ФК Напредок од Крушевац и ФК Чукарички пред повторно да се врати во ФК Белград.[2] Откако го поминал поголемиот дел од својата почетна фудбалска кариера во Србија, Дончиќ решил да се испроба во меѓународните води со приклучување кон тимот на Валета, каде што ги освоил сите можни купови на Малта во сезоната 2006–07. Воедно бил и најдобар стрелец[3] на Малта со соборување на рекордот на постигнати 32 лигашки гола за една сезона. Тој ја напуштил Малта и преминал во еден од врвните бугарски клубови во екипата на Локомотив од Софија. Подоцна ја продолжил кариерата со преселба во Португалија играјќи за клубот на Имортал ДЦ. Во продолжение на својата кариера тој преминал во клубот на Слиема Вондерерс ФК во кој играл 5 години и каде што освоил вкупно три првенства по ред. Во тие години на негов најголем успех Дончиќ бил трипати најдобар стрелец во Премиер лигата на Малта. Во Малта тој одиграл вкупно осум сезони со 196 натпревари и 151 постигнат гол. Во мај 2006 година, на 37-годишна возраст, Дончиќ се повлекол од фудбалот.

Тренерска кариера

уреди

Данило Дончиќ решил да се концентрира на тренерската работа и набргу по завршувањето на кариерата како играч, во 2006 година почнал да го тренира прволигашот и малтешки тим на Сан Гван ФК. Наредната сезона, потпишал со клубот на Флоријана ФК како главен тренер на овој врвен малтешки тим. Екипата на Флоријана, тим со успешна фудбалска историја под водство на Дончиќ, на крајот од првата сезона се пласирала на петтото место во Премиер лигата и била полуфиналист на Трофејот истата година.

По ова достигнување, Дончиќ добил покана од еден од најдобрите српски тренери, Драган Окука, каде што прифатил да стане негов прв помошник - тренер во поранешниот клуб на Дончиќ, ПФЦ Локомотив Софија.[4][5][6] Подоцна, Дончиќ преминал во грчкиот тим Кавала ФК заедно со тренерот Драган Окука. По одредено време тренерот Окука поднел оставка, а Дончиќ продолжил да работи заедно со Хенрик Касперчак сѐ до 2011 година. Во исто време, Дончиќ бил контактиран од клубот на Слиема Вондерерс ФК за функцијата главен тренер и тој се вратил во Малта за да го преземе својот поранешен тим Слиема Вондерерс од февруари 2011 до мај 2012 година. Остатокот од 2012 година Данило бил тренер на тимот од Премиер лигата Тарксиен Реинбоус ФК. Неговата кариера продолжила во клубот на Моста ФК (2013–2014) и со екипата на Сент Ендрјус ФК (2014- есен 2014).[7] Со почетокот на новата фудбалска сезона, Данило одлучил да ја прифати понудата на клубот на Ал-Најма (2014–2015) како позајмен тренер на клубот.[8] По успешната година во Ал-Најма, Данило потпишал договор со клубот на Етникос Ахнас (2015-2016). Данило, подоцна се вратил во малтешката Премиер лига откако постигнал договор со клубот на Сент Ендрјус.[9][10]

Смрт

уреди

Дончиќ починал во Софија на 1 мај 2024 г. од срцев удар, на возраст од 54 години.[11]

Наводи

уреди
  1. „Official website“. Danilodoncic.com. Посетено на January 26, 2014.
  2. „UEFA Champions League – Danilo Doncic – UEFA.com“. 2000.uefa.com. August 20, 1969. Архивирано од изворникот на December 11, 2013. Посетено на October 4, 2012.
  3. Maltese Top Scorers List, The Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation – archive
  4. Doncic as Lokomotiv hit top gear, The Times of Malta – archive
  5. Danilo Doncic to Take Up Coaching Role at Lokоmotiv Sofia, News.bg – archive
  6. Сърбин поема Локомотив (Сф), Blitz.bg – archive
  7. Danilo takes over as St. Andrews coach. Article Times of Malta
  8. Danilo Lands Coaching Position in Bahrain Article Times of Malta Sep. 2014
  9. Danilo Replaces Borg as Coach of St. Andrews Article Times of Malta Oct. 2016
  10. Danilo Doncic Kowc Gdid Ta St.Andrews Article Esklussiva Oct. 2016
  11. Camilleri, Valhmor (1 мај 2024). „Watch: Former Valletta FC and Sliema Wanderers legend Danilo Doncic dies, aged 54“. Times of Malta. Посетено на 2 мај 2024.

Надворешни врски

уреди