Даме Андреев
Даме Андреев (1847 — 1926) — македонски градител и зограф.
Даме Андреев | |
---|---|
Роден(а) | 1847 Папрадиште, Османлиска империја |
Починал(а) | 1926 Велес, Кралство СХС |
Животопис
уредиБил син на познатиот градител Андреја Дамјанов. Негово дело е црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, градена од 1885 година, а осветена во 1925 година. Во 1905 тајфата на Андреев ја довршила црквата „Успение Богородично во Велес и ја гради црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Во 1885 година ја гради црквата „Св. Ѓорѓи“ во Призрен.