Отпечатник

(Пренасочено од Дактилоскоп)

Отпечатник, дактилоскоп[1][2] или читач на отпечатоци на прстибиометриски безбедносен систем. Овие уреди се користат во полициски станици, индустрии за безбедност, паметни телефони и други преносни уреди.

Самостоен отпечатник, како што се користи на влез во зграда

Функционирање

уреди

Секој има обрасци на гребени на триење на прстите, и токму овој примерок се нарекува отпечаток од прст. Отпечатоците од прсти се уникатно детални, издржливи во текот на животот на поединецот и тешко се менуваат. Бидејќи постојат безброј комбинации, отпечатоците од прсти станаа идеално средство за лична исправа.

Видови отпечатници

уреди

Постојат четири вида на дактилоскопи:[3] оптички читач, капацитивен читач, ултразвучен читач и топлински читач. Основната функција на секој вид читач е да се добие слика од отпечатокот од прст на некоја личност и да најде соодветен на него во својата база на податоци. Мерката за квалитетот на сликата од отпечатоци е во точки по инч (DPI - dots per inch).[4]

  1. Оптичките читачи прават визуелна слика од отпечатокот од прст користејќи дигитална камера.
  2. Капацитивните или CMOS читачите користат кондензатори и со тоа електрична струја за да формираат слика на отпечатокот од прст. Овој вид читач се истакнува во однос на прецизноста.
  3. Ултразвучните читачи за отпечатоци користат звучни бранови со висока честота за да навлезат во епидермалниот (надворешниот) слој на кожата.
  4. Топлинските читачи ги чувствуваат температурните разлики на контактната површина, помеѓу испакнатите и вдлабнатите делови на отпечатоците.

Сите читачи за отпечатоци се подложни на измама со техника која вклучува фотографирање отпечатоци од прсти, обработка на фотографии со помош на специјален софтвер и печатење копии од отпечатоци со помош на 3D печатач.[5]

Конструктивни облици

уреди
 
Читач за отпечатоци на паметен телефон (долу лево)

Постојат две конструкциски форми: фиксен и подвижен читач за отпечатоци.

  • Фиксен: Прстот мора да се влече по малата област за скенирање. Ова е поевтино и помалку сигурно од подвижниот читач. Квалитетот на сликата зависи од постојаноста на брзината со која се влече прстот.
  • Подвижен: Прстот лежи на областа за скенирање додека читачот работи под него. Бидејќи читачот се движи со постојана брзина преку отпечатокот од прст, сликата е квалитетна.

Облици

уреди

Самостојни отчитувачи

уреди

Мајкрософт вовел читач на отпечатоци во 2005 година.[6]

Интегрирани отчитувачи

уреди

Од почетокот на 2000 година, некои лаптопи со поддршка за сметачка картичка можат да бидат опремени со отчитувачи; на пример, Compaq Armada E500 може да биде опционално опремен со надворешен отчитувач на отпечатоци од 2000 година - модулот за отчитување го вовела Тошиба.[7] IBM произведува лаптопи со интегрирани отчитувачи од 2004 година.[8] Маркетиншкото име на Епл за електронско препознавање отпечатоци од прсти, познато како Touch ID, било воведено во 2013 година само за паметни телефони, а опцијата за лаптоп била објавена дури во 2016 година. Имплементацијата била одложена до 2013 година само затоа што интегрираниот со оптички читач за патеки бил патентиран од RIM ( Blackberry) во 2004 година.[9] Блекбери произведувал паметни телефони со отчитувачи од 2010 година - првиот модел со оваа функција бил Blackberry Curve.[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „дактилоскопија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „дактилоскопија“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Rouse, Margaret (March 2021). „Experts Agree: Face ID Is Not The Answer, In-Display Fingerprint Sensors Are“. display. E3displays. Посетено на 8 March 2021.
  4. Sadasivuni, Kishor Kumar; Houkan, Mohammad Talal; Taha, Mohammad Saleh; Cabibihan, John-John (August 2017). „Anti-spoofing device for biometric fingerprint scanners“. 2017 IEEE International Conference on Mechatronics and Automation (ICMA). IEEE: 683–687. doi:10.1109/icma.2017.8015898. ISBN 978-1-5090-6758-9. Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 2020-10-27.
  5. Winder, Davey. „Hackers Claim 'Any' Smartphone Fingerprint Lock Can Be Broken In 20 Minutes“. Forbes. Архивирано од изворникот на 2019-12-19. Посетено на 2019-12-19.
  6. Luepke, Lara. „Microsoft Wireless IntelliMouse Explorer with Fingerprint Reader“. CNET (англиски). Посетено на 2021-07-02.
  7. Vaidya, Gopika. „CNN.com - Technology - Toshiba outfits laptops with fingerprint reader - November 22, 2000“. edition.cnn.com. Архивирано од изворникот на 2021-07-09. Посетено на 2021-07-02.
  8. „IBM Introducing Fingerprint Reader into Laptop | Security | TechNewsWorld“. www.technewsworld.com. Посетено на 2021-07-02.
  9. Sacco, Al (2013-10-04). „Before Touch ID: BlackBerry Filed for Trackpad-Fingerprint-Scan Patent in '04“. CIO (англиски). Посетено на 2021-07-02.
  10. Cha, Bonnie. „BlackBerry Curve 8520 review: BlackBerry Curve 8520“. CNET (англиски). Посетено на 2021-07-02.