Даичи Хара (4 март 1997) е јапoнски репрезентаивец во слободно скијање, во дисциплината могули. Почнал да скија од три години, а од 2009 се занимава со дисциплината могули. Од шестнаест години студира и тренира во Канада.

Даичи Хара
Лични податоци
НационалностЈапонец
Роден(а)4 март 1997
Токио, Јапонија
Висина1.72 m
Спорт
Спортслободно скијање

На Светското првенство за јуниори 2014 го зазел триесет и четвртото место, а на Светското првенство за сениори во 2017 дваесет и третото место.

На Олимписките игри во Пјонгчанг 2018 го остварил најголемиот успех со освојување на бронзен медал.[1]

Наводи

уреди
  1. „Даичи Хара, ЗОИ 2018“. Архивирано од изворникот на 2018-02-28. Посетено на 2018-09-07.

Надворешни врски

уреди