Дајбуцу

(Пренасочено од Даибуцу)

Дајбуцу (јапонски: 大仏 или по стар стил (кјуџитај) 大佛) е јапонски поим кој буквално значи „Голем Буда“ и се однесува на големите статуи на Буда или некоја негова инкарнација. На Западот, овој поим честопати се користи кога се мисли на Големиот Буда во Камакура, што е резултат на неговата популаризација во песната „Будата во Камакура“ од Радјард Киплинг, но во Јапонија, под поимот најчесто се подразбира Големиот Буда во Нара, сместен во храмот Тодај-џи, што е всушност поголема статуа.

Големиот Буда во Тодај-џи, Нара

Надворешни врски

уреди