ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
„Ацо Русковски“ — средно училиште во Берово, Општина Берово[1].
ОСУ „Ацо Русковски“ | |
Место | |
Општина: | Берово |
Место: | Берово |
Адреса: | Ул. „Даме Груев“ бб. |
Основни информации | |
Директор: | Душанка Паговска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
е-пошта | acoruskovski@yahoo.com |
тел. | +389 33 471/468 |
Основање и развој на ОСУ „Ацо Русковски“
уредиУчилиштето „Ацо Русковски“ е основано во учебната 1951/52 година како неполна гимназија „Страшо Пинџур”.Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953г., кога е верифицирана полна гимназија. Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште.Во 1960/61 година се враќа гимназискто образование, но продолжува да постои и економското училиште. Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата, а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски. Од учебната 1963/64 година средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки),се до 1978 година, кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетото работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 година се напушта концептот за насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 година гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.
Визија на училиштето
уредиНашето училиште е со традиција, отворено за нови идеи што го поттикнуваат поединечниот развој и креативноста на учениците. Нуди можност за проодност на сите факултети. Подготвеност за вклучување на пазарот на трудот. Интенција за воведување на нови струки од интерес на општината.
Патронен празник
уредиПатрониот празник на училиштето се одржува секоја година на 24 Септември. За одбележување на тој празник се одржуваат голем број на манифестации, како од спортски, така и од културен аспект. Учениците од средното училиште подготвуваат точки со кои настапуваат на сцена. Претежно точките се од делот на музика (пеење и свирење на музички иснструменти), драмската уметност и модерните танци. Учениците се истакнуваат и во спортските натпревари - ракомет, кошарка, одбојка, фудбал итн .
Соработка со други училишта
уредиОСУ „Ацо Русковски“ е во соработка со други училишта, не само од Македонија, туку и пошироко:
- Гимназија Брус - Србија
- Англиска јазична гимназија „Thomas Јеfferson “ - Софија
- Средно училиште „ Јане Сандански “ - Сандански
- СОУ „ Орце Николов “ - Скопје
- СОУ „ Методи Митевски - Брицо “ - Делчево
- СОУ „ Ванчо Прке “ - Виница
Учество на натпревари и освоени награди
уреди- Наградени ученици:
- Буровска Даринка - златен медал на меѓународниот натпревар по спорт во рамките на меѓународниот проект „Не на наркотиците“, одржан во Сандански, Р.Бугарија на 02.10.2010 година
- Лапевски Владимир - златен медал од областа на информатиката на Макинова во октомври 2010 година во Скопје
- Анита Пипонска - сребрен медал во областа на биологија на Еканова во октомври 2010 година во Скопје
- Мандолински оркестар - прво место на државниот натпревар во Скопје на 15.05.2011 година
- Јовинска Стефанија- I место астрономија.
- Кас'мска Лорета - I место современа физика.
- Симоновски Гоце- II место роботика.
- Суџукович Ана - II место систематика.
- Симевска Моника - II место микробиологија.
- Грковска Ивана - II место неорганска хемија.
- Димитровска Христина - II место математика.
- Сирачевска Александра - II место фармакологија.
- Арменски Роберт - III место компјутерско програмирање.
- Ингилизова Виолета - III место неорганска хемија.
- Станоевска Милица - III место современа физика.
- Тони Трајковски - III место современа физика.
Државен натпревар за противпожарна заштита
уреди- Анита Кажлевска
- Катерина Мишевска
- Војче Митевски
Прво место екипно
- Ѓорѓи Ајтовски
Второ место
Државен натпревар по латински јазик
уреди- Викторија Кржовска- III место
Натпревар за најдобар бизнис план III место
уреди- Дијана Касмска
- Анита Перовска
- Елена Јангеловска
- Јордан Андовски
Републички натпревар на детски и младински оркестри -
уреди- I Место
Проекти и активности
уредиНајзначајни проекти и активности спроведени во ОСУ „Ацо Русковски“ се:
- SEA проектот- активности во средното образование;
- GLOBE - светска еколошка програма, која е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање;
- Промоција на хумани вредности - во соработка со Црвен крст;
- E-dnevnik;
- Проект “Менторство на Ромите„;
- Дипломирани Роми и подобрување на нивниот живот;
- Поттикнување на младите во политичките процеси - едукација на младите гласачи;
- ЕКО училиште;
- Условени прарични трансфери - УПТ;
- Програма - Советување на родители.
Наставен кадар
уреди- Вкупно вработени - 65
- Раководен кадар
- Директор : Корчовски Сашко
- Заменик директор
- Раководител на дисперзирани паралелки
- Стручни соработници- ( педагог, 2 психолози, социолог, библиотекар)
- Професори - 55
- Административна служба( секретар, благајник, администратор)
- Технички персонал (парноложач, ноќен чувар,хигиеничари)
Ученици
уредиВкупно : 561 (26 паралелки)
уреди- Гимназија: 495 ученици (21 паралелки)
- Берово: 342 ученици (15 паралелки)
- Пехчево: 152 ученици (6 паралелки)
- Текстилна: 44 ученици (4 паралелки)
- Угостителско-туристичка: 22 ученици (1 паралелка)
Национална припадност
уреди- Македонци – 504
- Турци – 18
- Роми – 39
Наставата се изведува на македонски наставен јазик
Интегрална евалуација
уреди- Во спроведената интегрална евалуација во април 2011 година ОСУ „Ацо Русковски“ доби оценка „Добар“.
- После спроведеното вреднување на професорите на 1 февруари 2012 година, просечната оценка е 3,67 (Мн. добар).
Просторни услови
уредиКабинети
уредиВо училиштето има 22 Кабинети од кои 15 се опремени со компјутерска технологија.
Пракса
уредиЗа практична настава во училиштето има 2 добро опремени простории.
Спортска сала
уредиДобро опремена спортска сала.
Библиотека
уредиДобро опремена библиотека
Познати личности кои учеле во ова училиште
уредиПознати личности кои предавале во ова училиште
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- http://acoruskovskibv.schools.edu.mk Архивирано на 14 април 2009 г. Мрежно место на училиштето
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука