Државен завод за статистика
Државниот завод за статистика е самостојно владино тело, кое има основна задача да продуктира висококвалитетни и веродостојни статистички информации за Македонија. Основни производи на заводот се статистичките публикации во печатен облик, електронската дисеминација (електронските производи) и статистичките услуги.
Основан е на 1 јуни 1945 и има седиште во Скопје.
Државен завод за статистика | |
---|---|
Логотип на заводот | |
Податоци за органот | |
Основан | 1 јуни 1945¹ |
Надлежност | сaмостоен државен орган на Владата |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 290[1] (2016) |
Раководител | Апостол Симовски (директор) |
Мрежно место | |
stat.gov.mk | |
Белешки | |
¹како Македонски федерален статистички уред |
Историја
уредиДржавниот завод за статистка е формиран на 1 јуни 1945 година како Македонски федерален статистички уред. За прв директор тогаш е именуван правникот Атанас Трпковски. Тогаш заводот функционирал само со две одделенија и тоа одделение за статистика на општествените дејности и одделение за статистика на стопанските дејности. Современиот завод функционира со 7 сектори и многу одделенија и пододделенија.
Задачи на заводот
уредиДржавниот завод за статистика е самостојна стручна организација чија надлежност и делокруг на работа се уредени со Законот за организација и работа на органите на државната управа [2] и Законот за државната статистика[3].
Во согласност со Законот за државната статистика, Државниот завод за статистика, врз научни основи, на државните органи, локалната самоуправа, деловните субјекти, јавните претпријатија, јавните служби и на други корисници им обезбедува информации за состојбите и движењата на националната економија, човечките ресурси, демографијата, заштитата на животната средина и во други области.
Државниот завод за статистика е одговорен за продуцирање на официјалната статистика во Македонија, а воедно е и координатор на статистичкиот систем во Македонија. Оваа улога Државниот завод за статистика ја реализира во соработка со други субјекти - овластени носители кои, исто така, се одговорни за продуцирање на официјална статистика во рамките на своите утврдени надлежности.
Државниот завод за статистика е носител на меѓународната статистичка соработка. Во таа насока, значајни се напорите на Заводот за хармонизација на статистичкиот систем на земјата со статистичките системи на земјите од Европската унија, а во функција на задоволување на домашните и странските корисници со споредливи статистички податоци.
Наводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
- ↑ “Службен весник на Република Македонија” бр.58/00....)
- ↑ (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97)