Државен завод за геодетски работи на Република Македонија
Државниот завод за геодетски работи (ДЗГР) или само Катастар е самостоен државен орган на Владата на Република Македонија кој е задолжен да ги извршува геодетските работи и да ги запишува правата на недвижностите.[1]
Државен завод за геодетски работи | |
---|---|
Катастар | |
Лого на заводот | |
Податоци за органот | |
Основан | 28 јули 1947 |
Надлежност | Самостоен државен орган на Владата на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 830 |
Раководител | Дипл. архитект инж. Љупчо Георгиевски (директор) |
Мрежно место | |
katastar.gov.mk |
Основан е на 28 јули 1947 година од страна на Владата на Народна Република Македонија. Својата функција ја извршува преку подрачни одделенија сместени во 29 поголеми града во Република Македонија и централа сместена во главниот град – Скопје. Во ДЗГР работат вкупно 830 лица на територијата на целата држава.
Организација
уредиСвоите функции дефинирани со закон Државниот завод за геодетски работи ги извршува преку работата на 10 сектори и едно одделение и тоа:
- Сектор за геодетски работи
- Сектор за дигитализација, чување и издавање на податоци и просторни единици
- Сектор за информатичка технологија
- Сектор за контрола
- Сектор за човечки ресурси
- Сектор за финансии
- Сектор за планирање и развој
- Сектор за катастар на недвижности - Скопје
- Сектор за катастар на недвижности - Република Македонија - А
- Сектор за катастар на недвижности - Република Македонија - Б
- Одделение за внатрешна ревизија
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 492. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Надворешни врски
уредиДржавен завод за геодетски работи на Република Македонија Архивирано на 15 септември 2008 г.