Гулапка со кора (Russula crustosa), е вид на габа од фамилијата (латински Russulaceae).

Гулапка со кора

Таксономија

уреди

Видот научно првпат бил опишан од американскиот миколог Чарлс Хортон Пек во 1886 година, кој ги направил колекциите на типови во Деј, Њујорк[1]. Класифициранa е во потсекција Virescentinae од родот Russula[2]. Специфичниот епитет crustosa значи „со кора“[3]. Вообичаените имиња за видот вклучуваат „Гулапка со кора“,[4] „зелена гулапка “ и „Обложена гулапка“[5].

Опис

уреди

Плодните тела имаат капи кои првично се конвексни пред да се израмнат со стареењето, често развивајќи централна депресија и се широки 1.2–2.5 см во пречник. Во зрелоста, површината на сувата капа се распаѓа на зеленикави дамки околу маргината. На маргините на капачето има радијални жлебови кои одговараат на жабрите на долната страна. Тесно распоредените жабри се по боја бели, крем или бледо жолти и имаат приврзаност кон стеблото. Должината на дршката на стеблото е од 3-9 см дебело, стеблото е бело до бледо жолто и станува шупливо со стреењето на печурката. Месото е тврдо и компактно (кога е младо) и белузлаво. Отпечатокот на спорите е бледо блескав, а спорите се елипсовидни по форма и донекаде брадавици со неколку фини линии за меѓусебно поврзување. Тие се хијалински (проѕирни), амилоидни и се со димензии 6-9 на 5,5-7микрометри.

Печурката е јадлива,[6] Р. crustosa нема карактеристичен мирис, а вкусот се движи од благ до малку остар. Други зеленикави Гулапки, вклучително и Russula subgraminicolor, Russula aeruginea и Russula variata, може најлесно да се разликуваат по нивните површини на капата кои не распукуваат.

Слични видови

уреди

Гулапка со кора најчесто се меша и се заменува поради големата сличност со Зелена распукана гулапка, попосакувана печурка за јадење која има зеленикави дамки на површината на капачето. Последниот вид има месо што полесно се распаѓа и бел отпечаток од спорите.

Екологија и распространетост

уреди

Гулапка со кора е микоризна габа и е поврзана со широколисни дрвја, особено дабот. Плодните тела растат на земја во мешани шуми поединечно, расфрлани или во групи. Се појавува помеѓу јуни и декември.[7]

Наводи

уреди
  1. Peck, Charles H. (1897). Annual report of the state botanist, by Charles H. Peck. Albany,: University of the State of New York,.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  2. Adamčík, Slavomír; Buyck, Bart (2012-05-01). „Type-studies in American Russula (Russulales, Basidio- mycota): in and out subsection Roseinae“. Nova Hedwigia. 94 (3–4): 413–428. doi:10.1127/0029-5035/2012/0003. ISSN 0029-5035.
  3. Weber, Nancy S. (1980). The mushroom hunter's field guide (All col. and enl. изд.). Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 0-472-85610-3. OCLC 6016061.
  4. Bessette, Alan (2007). Mushrooms of the southeastern United States (1 ed. изд.). Syracuse, N.Y.: Syracuse University Press. ISBN 0-8156-3112-X. OCLC 71842649.CS1-одржување: излишен текст (link)
  5. Binion, Denise (2008). Macrofungi associated with oaks of Eastern North America (First edition. изд.). Morgantown. ISBN 978-1-933202-36-5. OCLC 181602476.CS1-одржување: излишен текст (link)
  6. Phillips, Roger (2010) [2005]. Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 138. ISBN 978-1-55407-651-2.
  7. Ene, Roxana; Papadopoulos, Periklis; Kremer, Friedrich (2011-12). „Supercontraction in Nephila spider dragline silk – Relaxation into equilibrium state“. Polymer. 52 (26): 6056–6060. doi:10.1016/j.polymer.2011.10.056. ISSN 0032-3861. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди