Грчка доброволна гарда

Грчка доброволна гарда (српски: Грчка Добровољачка Гарда; грчки: Ελληνική Εθελοντική Φρουρά) — единица на грчки доброволци кои се бореле во Босанскохерцеговската војна на страната на Армијата на Република Српска. Некои членови на единицата, наводно биле присутни во областа на масакрот во Сребреница и истакнале грчко знаме над градот, кое било снимено „за пропагандни цели“.[1][2]

Грчка доброволна гарда
Грчка Добровољачка Гарда
Ελληνική Εθελοντική Φρουρά
Активна1993 – 1995
Припадност Република Српска
Род Армија на Република Српска
Видпешадија
Големина~100
ШтабВласеница
БиткиВојните во Југославија

Наводи

уреди
  1. „NIOD Srebrenica: a 'safe' area Part III – The fall of Srebrenica, стр. 413“ (PDF). NIOD. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 декември 2013. Посетено на 14 јануари 2024.
  2. Steve Iatrou "Greek volunteers fought alongside Bosnian Serbs", OMRI Daily Digest II, No. 136, 14 јули 1995, HR-Net (Hellenic Resources Network). Посетено на 14 јануари 2024

Надворешни врски

уреди