Грота дел Кавало
Пештерата Грота дел Кавало или Кавало (италијански: „Пештера на коњот“) е варовничка пештера во регионот на Апулија, Јужна Италија, во близината на Нардо 90 километри, јужно од Таранто. Пештерата е околу 15 метри над сегашното морско ниво. Има заоблен влез, 5 метри широк и 2.5 метри со висок отвор кон морето. Пештерата била повторно откриена во 1960 година и следеа два бранови на ископувања. Првиот бран се протега од 1963 до 1966 година, а вториот од 1986 до 2008 година. Пештерата била вознемирена од ограбувачите во периодот помеѓу двата бранови на ископувања, оштетувајќи ги слоевите што одговараат на горниот палеолит; поради тоа, влезот на пештерата е покриен со капија и е затворен за јавноста.[1]
Археологија
уредиСтратиграфија
уредиПештерата содржи богата стратиграфска сукцесија со длабочина од 7 метри, кој што се депонира на врвот на меѓуглацијална плажа основа. Најзабележителниот дел од оваа низа го опфаќа средниот палеолит, кој е поврзан со културата на Неандерталците Мустер и неодамна откриените последователни слоеви кои биле поврзани со најраниот познат изглед на анатомски модерни луѓе во Европа.
Откритија
уредиВо 1964 година во пештерата биле откриени два листопадни катници. Во 1967 година, истражувачите ги опишале забите како од неандерталско потекло и претпоставија дека и придружните камени алатки и орнаментите од школки се типични за културата на неандерталците, која што подоцна била наречена Улуци култура[2][3] бидејќи многу наликувала на Шателперонската . Сепак, поврзаноста е на Шателперонската култура со хомо неандерталенсис и е предмет на тековната дебата.[4][5] Во 2011 година, тим на истражувачите кој биле предводени од Стефано Бенаци од Катедрата за антропологија на Универзитетот во Виена објави студија во списанието Nature во која заклучиле дека забите не се од неандерталско потекло, туку од раниот хомо сапиенс и датираат од 45.000 до 43.000 години БП. Според Бенаци, овие резултати овозможуваат поддршка на хипотезата дека културата на Улуците не треба да им се припише на неандерталците туку на современите луѓе.[6] Иако се тврди дека и човечкото потекло на овие заби е спорно, не се изнесени докази што се спротивставуваат на овие тврдења[3][7] и тој добил одредено прифаќање. Сепак, припишувањето на целата технологија Улуци на анатомски модерните европски луѓе е поспорно.[8]
Наводи
уреди- ↑ Benazzi, S., Katerina Douka, Cinzia Fornai, Catherine C. Bauer, Ottmar Kullmer, Jiří Svoboda, Ildikó Pap, Francesco Mallegni, Priscilla Bayle, Michael Coquerelle, Silvana Condemi, Annamaria Ronchitelli, Katerina Harvati & Gerhard W. Weber "Grotta del Cavallo: Description of the site and history of excavations." Nature: Supplementary Information, Nature Publishing Group, 02 Nov. 2011, retrieved 12 Nov. 2015
- ↑ Marta Camps. Sourcebook of Paleolithic Transitions. Methods, Theories, and Interpretations. Springer, 2009: 385.
- ↑ 3,0 3,1 Callaway, Ewen. "Who were Europe’s first humans?", Nature blog, Nature Publishing Group, 02 Nov. 2011, retrieved 12 Nov. 2015
- ↑ Higham T, Jacobi R, Julien M, David F, Basell L, Wood R, Davies W, Ramsey CB.C (2010). Chronology of the Grotte du Renne (France) and implications for the context of ornaments and human remains within the Chatelperronian. Proc Natl Acad Sci U S A. doi:10.1073/pnas.1007963107 PubMed (англиски)
- ↑ Mellars P. (2010). Neanderthal symbolism and ornament manufacture: The bursting of a bubble? Proc Natl Acad Sci U S A. doi:10.1073/pnas.1014588107
- ↑ Benazzi, Stefano, Katerina Douka, Cinzia Fornai, Catherine C. Bauer, Ottmar Kullmer, Jiří Svoboda, Ildikó Pap, Francesco Mallegni, Priscilla Bayle, Michael Coquerelle, Silvana Condemi, Annamaria Ronchitelli, Katerina Harvati & Gerhard W. Weber "Early dispersal of modern humans in Europe and implications for Neanderthal behaviour" Nature, V.479, pp. 525–528 Nature Publishing Group, 02 Nov. 2011, retrieved 12 Nov. 2015
- ↑ Zilhão, Joã, William E. Banks, Francesco d’Errico, and Patrizia Gioia, (2015) PHILOSOPHICAL (AND OTHER) TRANSACTIONS ON THE GROTTA DEL CAVALLO, THE SCIENCE OF ARCHEOLOGY, AND THE ETHICS OF PUBLICATION, "Researchgate"
- ↑ Zilhão, Joã, William E. Banks, Francesco d’Errico, and Patrizia Gioia, "Analysis of Site Formation and Assemblage Integrity Does Not Support Attribution of the Uluzzian to Modern Humans at Grotta del Cavallo", PLoS ONE, 10(7): e0131181. doi:10.1371/journal.pone.0131181