Гроздов сок или сок од грозје — течност што се добива од пулпата на зрната од грозје. Може да се пие како пијалак каков што е, а ако е наменет за ферментација во вино, се вика шира.

Чаша сок од црвено грозје.

Состав

уреди

Сокот од зрело грозје се состои од приближно 80% вода, содржи од 15 до 25 % јаглехидрати во зависност од зрелоста на зрната, составени од гликоза и фруктоза во еднакви делови.[1]

Шеќерите се складираат за време на зреењето, во поголеми или помали количини (во зависност од сортата на грозје, почвата и климата) во зрната од грозјето.

Производ од фотосинтезата на листот и резервните производи, сахарозата се хидролизира во гликоза и фруктоза, а скробот во гликоза (во облик на редукциони шеќери при селењето кон грозјето). За време на созревањето, процентот на фруктоза се зголемува и конечно во зрелоста, односот гликоза/фруктоза е блиску до 0,95.

Сокот од грозје исто така содржи ресвератрол.[2]

Квалитет

уреди

Органолептички

уреди

Органолептичкиот квалитет зависи од сортата на грозје, но и од содржината на шеќер: производителите на вино и алкохолни пијалaци бараат грозје богато со шеќер што ќе произведе алкохол, додека производителите на овошни сокови бараaт сорти што произведуваат повеќе кисели и помалку слатки сокови.[3][4]

Здравствени аспекти

уреди

Зрната што се зрели и здрави (без болести) и остатоци од фитосанитарни производи (како пестициди) даваат поквалитетен сок.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „L'utilisation du fructose par les levures de vinification“ (PDF) (француски). Посетено на 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Resveratrol“ (англиски). 2014-04-29. Посетено на 2019-11-24.
  3. „Diversification des produits de la vigne : création d'une filière « jus de raisin »“ (француски).[мртва врска]
  4. Escudier, Jean-Louis; Payraud, Richard; Brienza, Emilie; Moreau, Stéphanie (2016). „New vineyard fields: Grape Juice. Selection of grapevine species, juice making, stabilization / Nouvelle filière : jus de raisin. Sélection des cépages, élaboration, stabilisation“. BIO Web of Conferences. 7: 01001. doi:10.1051/bioconf/20160701001. ISSN 2117-4458. Посетено на 2019-11-24. no-break space character во |title= во положба 113 (help)