Гроздовиот маџун претставува природен засладувач кој се произведува од гроздов сок. Маџунот е традиционален и национален македонски производ кој се користел и произведувал масовно сè до комерцијалната продажба на белиот шеќер. Најмасовно се произведувал во лозарските краеви на Македонија, од кој најпознат е тиквешкиот од сортата Кратошија. Маџун се прави и од бели и од црвени сорти грозје, но се избираат поблагите сорти, од кои излегува многу повеќе маџун. Оваа чиста органска храна освен како храна, сè повеќе е барана и како лек. Научно е докажано дека тој се наоѓа на прво место како лек за регенерација на црниот дроб, а болните од жолтица и цироза имаат доста полеснотии во лекувањето со маџун.[1]

Наводи

уреди
  1. Маџун- природен лек со кој може да заборавите на докторите. Архивирано од изворникот на 2014-03-09. Посетено на 2014-01-31.