Гробишта на домашни миленици
„Гробишта за домашни миленици“ (англиски: Pet Sematary) — филм на режисерите Кевин Колш и Денис Видмаер од 2019 година. Главните улоги ги играат: Џејсон Кларк, Ејми Сајмиц и Џон Литгоу. Филмот претставува втора екранизација истоимениот роман на Стивен Кинг.[1]
Синопсис
уредиЛуис Крид, неговата сопруга Рејчел и нивните две деца, Гејџ и Ели, се селат во еден мал град, каде ги откриваат страшните гробишта на домашни миленици. Кога нивната мачка ќе ја прегази камион, Луис ја закопува на таинствените гробишта. Не само што гробиштата кријат голема тајна, туку и семејството наскоро сфаќа дека понекогаш е подобро некој да остане мртов...