Грлица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гулабовидни
Семејство: Гулаби
Род: Streptopelia
Вид: Грлица
Научен назив
Streptopelia turtur
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Turtur communis[2]

Грлицата (Streptopelia turtur) е член на семејството гулаби. Ја има во Македонија.

Распространетост и статус

уреди

Грлицата е распоространета низ јужниот палеарктик, вклучувајќи ја и Турција и Северна Африка, а поретка е во Скандинавија и Русија. Таа е птица преселница која зимува во Јужна Африка.

Грлицата ја има во: Авганистан, Албанија; Алжир; Андора; Австрија; Азербејџан; Бахреин; Белорусија; Белгија; Босна и Херцеговина; Бугарија; Буркина Фасо; Велика Британија; Габон; Гамбија; Грузија; Германија; Гана; Гибралтар; Грција; Гвинеја; Гвинеја-Бисао; Данска; Египет ; Еритреја; Ерменија; Естонија; Етиопија; Зелено'ртски Острови; Иран; Ирак; Ирска; Израел; Италија; Јордан; Јемен; Казахстан; Камерун; Катар; Кина; Кипар; Киргистан; Кувајт; Латвија; Либан; Либија; Лихтенштајн; Литванија; Луксембург; Мавританија; Македонија; Мали; Малта; Мароко; Молдавија; Монголија; Нигер; Нигерија; Обединетите Арапски Емирати; Оман; Палестина; Полска; Португалија; Романија; Руската Федерација; Саудиска Арабија; Западна Сахара; Сенегал; Сиера Леоне; Сирија; Словачка; Словенија; Сомалија; Србија; Судан; Јужен Судан; Таџикистан; Того; Тунис; Турција; Туркменистан; Узбекистан; Украина ; Унгарија; Фарските Острови; Финска; Франција; Холандија; Хрватска; Црна Гора; Чад; Чешка; Швајцарија; Шведска; Шпанија.[1]

Во Европа, бројот на овие птици е значително намален (за 62%),[3] најверојатно заради промените во земјоделието, а делумно заради убивањето на птиците во Медитеранот, за време на нивните миграции.

Опис

уреди

Грлицата е помала и послаба од многу други гулаби. Долга е 24-29 см, има распон на крилјата 47-55 см и тежи 85-170 грама.[4][5] Се препознава по покафеавата боја и по црно-белите линии на страните од вратот. Опашката се забележува кога птицата лета кон набљудувачот, има клинест облик и во средината е темна, а има бели рабови и врвови. Кога се гледа одоздола, оваа шара заради белите подопашни пердуви со темна основа, се чинат како црни на бела позадина. Ова се гледа кога птицата застанува да пие и ја поткрева раширената опашка.

 
Младенче во Шведска
 
Streptopelia turtur turtur јајце

Возрасните птици имаат синосиви врат, глава, слабини и задница, а крилјата се цигла боја прошарани со црно. Градите се вино боја, а стомакот и под опашката е бело. Клунот е црн, а нозете и околу очите е црвено. Кај младенчињата отсуствуваат црно-белите линии на вратот, тие се покафаеви и побледи и имаат кафеави нозе.

Грлиците се едни од последните преселници кои пристигаат на север при крајот на април, а си заминуваат на југ во септември.

Ова е птица која повеќе сака отворени од многу шумовити предели, и често се храни на земја. Повремено може да гнезди во големи градини, но вообичаено е многу плашлива, најверојатно заради тешкиот прогон и лов за време на миграциите. Летот е опишуван како стреловит, но не премногу брз.

Свадбениот лет, висок и кружен, наликува на оној на гулабот гривнаш, но спуштањето надолу е понеодлучно и придружено со камшикувачкиот звук кога ги спушта крилјата. Пристигнувањето напролет е забележано со карактеристичниот грлен звук, длабокото, вибрирачко пуррр-пуррр, од кој птицата го добила своето име.

Неколку други гулаби од истиот род, исто така, се нарекуваат грлици:

  • азиските S. orientalis и S. chinensis;
  • африканските S. lugens и S. senegalensis.

Во културата

уреди

Најверојатно заради библиската метафора на грлицата во „Песна над песните“, поради нејзиниот волшебен глас, таа станала симбол на посветена љубов. Во Новиот завет, две грлици се споменува дека се жртвувани при раѓањето на Исус.

Во ренесансна Европа, грлицата е претставена како посветен партнер на птицата феникс. Такво значење има во поемите на Роберт Честер и Вилијам Шекспир („Феникс и грлица“). И во многу народни песни грлицата е поврзана со љубовта и посветеноста.

Грлицата како мотив во книжевноста

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Streptopelia turtur. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 27 Feb 2013.
  2. Brehm (1891 [with modern update]). „Turteltaube“. Die Vögel. 2. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help) (германски)
  3. Benjamin, Alison (21 December 2007). „Study reveals severe decline of Europe's common birds“. Guardian.co.uk.
  4. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  5. [1] (2011).
  6. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 31.

Надворешни врски

уреди