Григориј IV Цариградски
Григориј IV — Вселенски патријархво период од два месеци 1623 година.
Григориј IV Цариградски | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | 12 април 1623 |
Службата завршила | 18 јуни 1623 |
Претходник | Кирил I |
Наследник | Антим II |
Лични податоци | |
Претх. служба | Митрополит на Амасија |
Живот
уредиПред да биде избран за патријарх Григориј IV бил митрополит во Амасија. Во периодот на неговиот избор, тој бил стар и не гледал со едното око, па така го добил прекарот слепецот од Амасија.[1]
Неговото кусо начелствување не се смета за прдолжение на судирот меѓу оние кои го поддржувал прокалвинистичкиот патријарх Кирил I, кој бил поддржан пак од холандскиот и англискиот амбасадори, и противниците кои пак биле поддржани од францускиот, австрискиот и венецискиот амбасадори во Цариград. Вторите биле поуспешни и го убедиле Големиот везир да го расчини Кирил на 12 април 1623 година и на негово место да го назначи слепиот и стар Григориј IV. Митрополитите и епископите не биле задоволни со изборот на Григориј IV, кој бил неканонски избран од Светиот синод. Па така на 18 јуни 1623 година Светиот синод го расчинил Григориј IV и официјално го избрале Антим II за патријарх.[2][1]
По смената, Григориј IV бил протеран на островот Родос.[3] Датумот на неговата смрт останува непознат.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 C. Emerau (1926). „Lucar Cyrille“. Dictionnaire de Theologie Catholique. 9. Paris: Letouzey et Ané. 1005-6.
- ↑ Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 85. ISBN 0-521-02700-4.
- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 39. ISBN 978-1-4344-5876-6.
Претходник Кирил I |
Цариградски патријарх 1623 |
Наследник Антим II |