Грб на Шлезвиг-Холштајн
Грб на Шлезвиг-Холштајн — грб на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн поделен вертикално: во хералдичкото десно поле, т.е. лево гледано од набљудувачот, двата сина лава се поставени на златна позадина, насочени кон другата половина. Лавовите на Шлезвиг биле земени од грбот на Данска. Хералдичката лева страна е црвена со сребрен лист од коприва на Холштајн, древен симбол, кој бил користен од грофовите на Шауенбург и Холштајн.
Историја
уредиВо спротивност со вистинските лавови на Шлезвиг свртени кон лево, лавовите на покраинскиот грб се свртени на десната страна. Според легендата, Ото фон Бизмарк ја наредил оваа промена по Втората Шлезвишна војна, бидејќи мислел дека е „неучтиво“ од лавовите да ја покажуваат нивната задна страна на Холштајн. Моменталната верзија била одобрена од владата на Шлезвиг-Холштајн на 18 јануари 1957 година.
Всушност, вообичаено е во германската хералдика за обичните фигури во грбот да бидат свртени кон средиштето; оваа практика е позната како хералдичка куртоазија.
Покраинско лого
уредиГрбот може да биде користен единствено од официјалните власти. Владата има издадено лого, кое може да биде користено од пошироката јавност. Тоа вклучува заоблен штит и поедноставни лавови.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Грб Архивирано на 26 октомври 2008 г. — Влада на Шлезвиг-Холштајн