Грб на Порторико
Грбот на Порторико е воспоставен во 1511 година и е најстар грб во "Новиот Свет". На средината на штитот се наоѓаат јагне (Бог) и знаме кое го претставува Јован Крстител. Јагнето седи на Книгата на Откровението. Работ на штитот е претставен со различни елементи: замоците и лавовите ги претставуваат Кастиља и Леон, а знамето ги претставува Арагон и Сицилија. Ерусалемскиот крст ја претставува посветеноста на католичката вера. Буквата F го претставува Фердинанд II од Арагон, а буквата Y Изабела I Кастиљска. Под грбот се наоѓа цитат од Библијата "Joannes Est Nomem Ejus" (Иван Е Неговото Име), што го претставува Свети Иван, старото име на островот.