Грб на Општина Куманово

Грбот на Општина Кумановогрб, кој е всушност амблем, на Општина Куманово. Милош Костадинов во 1970 година напишал статија за општинската хералдика и дошол до заклучок дека само седум општини во Социјалистичка Република Македонија користеле грб,[1] од кои едната била Општина Куманово. Грбот бил сменет од осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија.

Грб на Општина Куманово

Верзија со еден зелен тутунов лист
Подробно
Грбоносецнема
Усвоен1996
Челенканема
Торзонема
Штитшпански
Држачинема
Употребана знамето на Општина Куманово

Во 2012 година Јован Јоновски од Македонскоto хералдичко здружение го опишал сегашниот грб и како „нехералдички“ и „квазихералдички“.[2] Кумановскиот грб е поставен на таканаречениот шпански штит.[3] На штитот е прикажана градба (Занаетчискиот дом), статуа на жена од Спомен костурницата Македонка, жолто сонце, 1519 година (кога името Куманово било најдено во османлиски документ), името на градот со кирилско писмо. а на дното еден жолт лист од тутун, сето тоа на црвена позадина.

Грб на Општина Куманово од 11 ноември 1968 година.

Наводи

уреди
  1. Macedonian Herald, Issue 6, p.4 "Heraldika"; retrieved 28 January 2017
  2. Macedonian Herald, Issue 6, p.9 & p.31 "Heraldika"; retrieved 28 January 2017
  3. Macedonian Herald, Issue 8, p.7 "Heraldika"; Посетено на 29 октомври 2022.