Грб на Гренада
Грбот на Гренада е усвоен заедно со независноста во 1974 година. Грбот прикажува штит поделен на четири делови во златен крст. Во средина се наоѓа Колумбовиот брод Санта Марија, а во четвртините се наоѓаат британски лавови и златни полумесечини од кои растат лалиња. На врвот од штитот се наоѓа златна круна. На врвот на грбот се наоѓаат седум ружи кои ги претставуваат седумте комуни на Гренада. Штитот е придржуван од оклопник и гулаб.
Грб на Гренада | |
---|---|
Податотека:Coat of Arms of Grenada.png | |
Подробно | |
Грбоносец | Гренада |
Усвоен | 1974 |
Штит | штитот е поделен на четири дела, два со златни лава и два со полумесечина и лилјан. |
Држачи | оклопник, гулаб, пченка и банана |
Мото | „Ever conscious of God we aspire, build and advance as one people.“ |