Грбот на Брунеј е официјалниот грб во државата кој бил за првпат усвоен во 1932 година. Грбот е сличен со елементите од знамето на државата и тој е составен од: знамето, кралскиот чадор, крилја, раце и полумесечина. На полумесечината е испишано националното мото на арапски јазик (Секогаш во служба со Господовото водство), додека пак под него се наоѓа името на државата. Крилјата симболизираат правда и мир, полумесечината Исламот додека пак рацете должноста на државата да го заштити народот.[1]

Грб на Брунеј.

Наводи

уреди
  1. Semarak Hari Kebangsaan Negara Brunei Darussalam 1984 - 2015 (PDF) (малајски). Bandar Seri Begawan: Informations Department. 2015. стр. 54–55. ISBN 978-99917-49-88-4.

Поврзано

уреди