Грб на Белгија
Грбот на Белгија е официјалниот грб во државата и кралски грб истовремено. Централен елемент во грбот е лавот. Поголемата верзија на грбот е составен од црн штит со златен лав кој го држат два лава и со круна над штитот. Лавовите држат две белгиски знамиња и има рака и помалав лав на две прекрстени копја. Грбот е опколен со бела и црвена плашт со кралска круна на врвот. Помалата верзија е само централниот дел од поголемиот.
Грб на Белгија | |
---|---|
Варијанти | |
Помала верзија користена од владата | |
Подробно | |
Грбоносец | Кралот Алберт II од Белгија |
Усвоен | 17 март 1837 |
Челенка | Кралствената круна на Белгија над златен отворен шлем гледајќи напред, поставен црвено и со златна и црна плашт |
Штит | Црно, златен лав со црвен јазик и канџи |
Држачи | 2 лавови гледајќи напред, двајцата држејќи златно знаме со исти такви рабови, вертикално пресечени на црно, златно и црвено поле |
Мото | француски: L'UNION FAIT LA FORCE холандски: EENDRACHT MAAKT MACHT |
Други елементи | Штитот е опкружен со Орденот на Леополд, подржан од 2 златни вкрстени жезоли, на десно со раката на правда, а на лево со лавот од штитот. Целото под црвена голема плашт, поставена со ермелин, златни рабови и помпони, и крунисана со кралствената круна на Белгија, од кој излегуваат 2 сребрени ленти со златни помпонски крајеви, позади и над големата плашт знак мавтајќи се во војте на Белгија, на кој е поставен штитот на Брабант, знакот е акустиран кон десно со знамињата на Лиеж, Источна Фландрија, Западна Фландрија и Антверпен, а кон лево знамињата на Ено, Лимбург, Луксембург и Намир. |
Наводи
уреди- Andrée Scufflaire. Les origines du sceau de l'Etat belge, in: Roger Harmignies, ed. Sources de l'héraldique en Europe occidentale, (Brussels, 1985) 201-225.
- Hubert de Vries. Wapens van de Nederlanden: De historische ontwikkeling van de heraldische symbolen van Nederlanden, België, hun provincies en Luxemburg (Amsterdam, 1995).
- Philippe du Bois de Ryckholt. Dictionnaire des cris et devises de la noblesse belge Receuil généalogique et héraldique, 24 (Brussels, 1976) p. 17-18.