Грајфсвалдер Ој
Грајфсвалдер Ој (германски: Greifswalder Oie; буквално „грајфсвалдски остров“) — мал остров во Балтичкото Море, сместен источно од Риген близу германскиот брег. Острови има површина од околу 54 хектари.[1] Грајфсвалдер Ој припаѓа на општината Креслин, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Географија
уредиГрајфсвалдер Ој е околу 1.550 метри долг и максимално 570 метри широк и со карпите на неговата источна страна, максимално 19 метри висок. Се наоѓа на 12 километри од брегот на Узедом. На островот, со неговиот забележлив стрмен брег, постои 49 метри висок светилник, еден од најголемите во Балтикот. Целиот остров е природен резерват.
Настанал во текот на последното ледено доба, од неколку ледени пластови од Скандинавија. На Ој се забележани вкупни три различни пластови, па така карпите кои потекнуваат од различни делови од Скандинавија можат да се сретнат на островот.
Историја
уредиОколу 1929 Јоханес Винклер испробувал мали ракети на метан близу островот. Островот бил забранета воена зона од 1936 до 1991, најпрвин под контрола на Нацистичка Германија и потоа на Источна Германија.[1] Помеѓу 1937 и 1945 бројни ракети биле истрелани од островот. Во операција означена како Светилник, Вернер фон Браун ги надгледувал обидите за исфрлање на ракетите А3 во декември 1937, меѓутоа сите обиди пропаднале.[2] Помеѓу 1938 и 1942 островот бил местото на успешните обиди за пуштање на ракетите А5. Исто така 28 Фау 2 ракети биле истрелани вертикално од Грајфсвалдер Ој помеѓу 1943 и 1945. Овие обиди биле направени со цел да се набљудува навлегувањето на ракетите во атмосферата.
Моментална состојба
уредиДо 2000-тите, островот е ненаселен птичји резерват,[1] и единствено еден човек работи во светилникот, управува со малото пристаниште (длабочина од 1,6 метри) и создава уметничките дела кој ги поставува долж патеката околу островот. Повремено постои ферибот од Пенеминде и Карлсхаген.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Грајфсвалдер Ој на Ризницата ?
{{Мекленбург-гео-никулец}
54°15′N 13°55′E / 54.250° СГШ; 13.917° ИГД
}