Градски парк (Оскарсхамн)

Градски парк Оскарсхамн (шведски: Stadsparken, Oskarshamn) - јавен парк во Оскарсхамн, на југоисток од Шведска. Паркот има урбана локација, јужно од центарот на градот.

Градски парк Оскарсхамн
Делот од паркот со спомен-камен на Ј.Ф. Хултенхајм.
Карта
Видградски парк
МестоОскарсхамн, Шведска
Координати57°15′47″N 16°27′09″E / 57.26305° СГШ; 16.452606° ИГД / 57.26305; 16.452606
Создаден19 век
СтопанисувачОпштина Оскарсхамн
Отворенотворен преку цела година
Паркот кон крајот на 19 век.

Урбан парк

уреди

Плановите за урбан парк се оформиле кратко откако Оскарсхамн ја добил својата градска повелба во 1856 година. Градскиот совет го откупил потребното земјиште во 1863-1864 година. Било купено од приватниот сопственик на земјиштето Јохан Фредрик Хултенхајм (Johan Fredrik Hultenheim). Во северниот дел на паркот денес има спомен-камен на Јохан Фредрик Хултенхајм.[1]

Опис

уреди

Паркот првично бил формиран на трите тресетишта опкружени со карпи од гранит. Од издигнатите области во источниот парк има поглед кон пристаништето и околните води надвор од Оскарсхамн.

Северниот дел на паркот главно се состои од отворени тревници опкружени со широколисни дрвја, грмушки и различни видови цвеќиња. Во средината на паркот има јавно тениско игралиште. Во јужниот дел на паркот доминираат борови дрвја и ретка популација на бреза. Низ целиот парк има помали фонтани и езерца. Исто така има неколку бронзени статуи. Мрежа од патеки го прави паркот достапен за пешачење, џогирање и велосипедизам.

Наводи

уреди
  1. Hofrén 1956

Литература

уреди
  • SKB - Статија Stadsparken i Oskarshamn (шведски)
  • Hofrén, Manne (1956). Oskarshamn 1856-1956. AB Oskarshamns-Tidningen.