Градот во кој мене ме нема
Градот во кој мене ме нема (јапонски: 僕だけがいない街) — јапонска манга на Кеи Санбе. Се појавила во списанието Young Ace на Kadokawa Shoten од јуни 2012 г. до март 2016 г. и е лиценцирана на англиски од Yen Press. Адаптација на аниме од A-1 Pictures се прикажувала на блокот Noitamina на Fuji TV од јануари до март 2016 г., проследено со игран филм во март 2016 г. Netflix објавил драмска адаптација во декември 2017 г.[1] Од јуни до ноември 2016 г. била објавена одделна манга-серија, а од ноември 2015 г. до март 2016 г. во списанието Bungei Kadokawa на Kadokawa се појавила серија одделни романи од Хаџиме Ниномае.
Корицата на првиот том, вклучувајќи ја Кајо Хиназуки | |
Автор | Кеи Санбе |
---|---|
Жанр | фантастика мистика трилер |
Објавена | 4 јуни 2012 — 4 март 2016 (манга) 8 јануари 2016 — 25 март 2016 (аниме) |
Издавач | Kadokawa Shoten |
Содржина
уредиПриказната го следи Сатору Фуџинума, 29-годишен мангака со таинствена способност: секогаш кога нешто лошо ќе се случи во близина, неговата свест скока наназад неколку минути, давајќи му шанса да го спречи тоа. Но кога неговата мајка е убиена, моќта на Сатору го враќа 18 години наназад, во неговото десетгодишно тело.
Со сите негови спомени на возрасен, Сатору сфаќа дека убиството е поврзано со серија одвлекувања на деца и убиства од неговото минато. Решен да ја спаси мајка си, тој решава да го пронајде убиецот. Тој верува дека запирањето на исчезнувањето на неговата соученичка Кајо Хиназуки го има клучот за прекинување на трагичниот ланец на настани.[2]
Ликови
уредиСатору Фуџинума (јап. 藤沼 悟) — главниот лик е 29-годишен мангака. Иако дел од неговите дела се објавени, Сатору мора да заработи дополнителни пари со доставување на пица. Тој има способност да се „премотува“, враќајќи го во минатото за да ја исправи секоја трагедија. Вообичаено тој се враќа на неколку минути, но по убиството на мајка си се враќа 18 години наназад.
Наводи
уреди- ↑ „Netflix to Stream "ERASED" Live-Action Drama Next Winter“. Архивирано од изворникот на 2017-09-01. Посетено на 2018-12-20. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „ERASED“. Anime News Network. January 7, 2016. Посетено на February 14, 2016.
Надворешни врски
уреди