Градашница (пештера)

Градашницапештера која се наоѓа во изворниот дел на реката Велика Градашница на северозападните падини на Големиот Гребен, на 375 м.н.в.

Пештерата е долга 529 метри, со денивелација од 18 метри, а била образувана при допир на варовниците од периодот јура со песокот и глината од периодот креда. Од пештерата извира река која по 100 м се влева во Велика Градашница. Дното на главниот канал е покриено со механички речни седименти - песок и чакал, во кои на повеќе места се всечени тераси во насобраниот материјал. Речниот тек се формирал преку травертинските кади во западниот активен канал. Од селото Мироч е оддалечена 3,5 км, а од Ѓердапска магистрала е оддалечена околу 15 км.

Надворешни врски

уреди
  • Више аутора (2015). Лексикони националних паркова Србије - Ђердап. Београд: ЈП Службени гласник - Географски институт "Јован Цвијић" САНУ. стр. 82–83. ISBN 978-86-519-1799-1. |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)