Горчливи треви (филм)

„Горчливи треви“ (српски: Горке траве) – југословенски филм од 1966 година, во режија на Жика Митровиќ. Главните улоги ги толкуваат: Ирена Папас, Радмила Гутеша и Петар Баниќевиќ.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива две децении по завршувањето на Втората светска војна. Една поранешна заточеничка во концентрационен логор одбива да сведочи против нејзиниот мачител. Немоќна да најде душевен мир во повоениот свет и притисната од анонимните заканувачки писма кои ѝ ги испраќаат неонацистите, таа го наоѓа спасот во смртта, и покрај поддршката која ѝ ја дава еден стар пријател.

Наводи

уреди