Горнодебарски срез

Горнодебарски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

     Горнодебарски срез во рамките на Кралството Србија 1913

Организација и население

уреди

Кралство Србија

уреди

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Горнодебарскиот срез припаѓал на Охридскиот округ, заедно со Струшкиот и Охридскиот срез. Како центар на срезот бил градот Дебар. Во 1913 година тој има 8 општини, со 38 села, 2 селца, еден град и немало манастири. Градското населние изнесувало 10.199, додека селското население изнесувало 15.182 жители. [1]

Горнодебарскиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Дебар

Жители
1 Бањиштенска 6 2:30 658
2 Горњо-жупска 5 3 3085
3 Дебарска / / 10.199
4 Доњо-жупска 11 4 3139
5 Дримколска 5 5 2793
6 Рајчинска 6 3:15 1717
7 Осојска 3 4 1776
8 Селачка 4 2:30 2014

Кралство СХС

уреди

Во 1921 година, срезот имал 6 општини и еден град. Градот Дебар имал 7.125 жители, а горнодебарската околина имала 7.824 жители.

Јазик

уреди

Во градот Дебар 42% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 57% говореле на арнаутски[3] . Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 58% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (28%), а по него бил турскиот јазик со 13% од населението.[4]

Јазици 1921 година
Јазик Рурален дел Урбан дел Вкупно %
Српски или хрватски 5654 2982 8636 58
Арнаутски 166 4077 4243 28
Турски 2004 16 2020 13
Други 0 50 50 0.3

Религија

уреди

Во градот Дебар 38% од населението било православно, додека 61% биле муслимани. Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 40% биле православни и 59% биле муслимани.[5]

Религија 1921 година
Религија Рурален дел Урбан дел Вкупно %
Православни 3263 2683 5946 40
Муслимани 4561 4337 8898 59
Други 0 105 105 0.7

Кралство Југославија

уреди

Во 1931 година, горнодебарскиот срез имал 5 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население изнесувало 7.198, додека селското население изнесувало 9.098. Целиот срез имал 16.296 жители. Како православни се изјасниле 41% од жителите, додека како муслимани 56%.[6]

62% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 26% говореле на арнаутски[3].

Наводи

уреди
  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. 3,0 3,1 3,2 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.