Гопло
Гопло (полски: Gopło) — езеро во Кујавско-поморското Војводство во северниот дел на средна Полска, недалеку од градот Гњезно. По него е наречено и месното заштитено подрачје „Пределен парк Гопло“.
Гопло Gopło | |
---|---|
view from the Mouse Tower of Крушвица | |
Подрачје | Кујавско-поморско Војводство |
Координати | 52°35′08″N 18°21′15″E / 52.58556° СГШ; 18.35417° ИГД |
Главни приливи | Нотеќ |
Главни истеци | Нотеќ |
Сливни земји | Полска |
Најг. должина | 25 км |
Најг. ширина | 3,5 км |
Површина | 21,8 км2 |
Прос. длабочина | 4,7 м |
Најг. длабочина | 16,6 м |
Надм. височина | 77 м |
На почетокот на средниот век, бреговите на Гопло биле населени од западнословенското племе Гопљани. На северниот крај на езерото, во гратчето Крушвица се издига т.н. „Глувчешка кула“ . Нејзиното име потекнува од преданието за расипаниот кнез Попел, кој побегнал во кулата од побунетото население, за во неа да бде нападнат и изеден од глувци. Некои од историчарите и археолозите сметаат дека област на срцето на првата држава на Полјаните, кои важат за основоположници на Полска.[1]
Белешки
уреди- ↑ Lozny, "Transition to Statehood", p. 283.
Наводи
уреди- Lozny, Ludomir (2004), "The Transition to Statehood in Central Europe", in Grinin, Leonid E, et al. (eds.), The Early State, Its Alternatives and Analogues, Saratov: Uchitel Publishing House, ISBN 5-7057-0547-6, pp. 278–87