Гоно Азаров
Гоно Азаров 1876 или 1892 — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
уредиГоно Азаров е роден во 1876 или 1892 година во градот Гуменџе, тогаш во Отоманското Царство. Се приклучил во ВМОРО и станал четник при Димитар Ропков [1]. Во почетокот на 1912 година е во четата на Ичко Димитров, со кого ги обиколувал планините Кожуф и Пајак [2]. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение [3] во четите на Иван Паљошев и Ичко Димитров.