Гомјеница (река)
Гомјеница или Гомионица е река во северозападниот дел на Република Српска, БиХ и е десна притока на реката Сана. Нејзините изворишта се наоѓаат на северот на Змијање, во близина на населбата Раца во Бањалуканската регија, на надморска височина од 570 метри, додека пак устието на Гомјеница е узводно од градот Приедор во месноста Гомјеница, на надморска височина од 135 метри. Долга е 56,7 км, а површината на сливот изнесува 752 км², со просечен пад од 8%. Протекува низ Гомјеничкото поле и дава вода на рибникот „Саничани“ во кој се одгледуваат рибите од типот шаран и тостолобик. Рибникот „Саничани“ е најголем рибник во Република Српска и Босна и Херцеговина. Гомјеница е една од реките кои извираат и кој се влеваат во Република Српска.