Големи европски бањи
Големи европски бањи — наменски сојуз на 11 европски бањски градови кои се одликуваат со својата богата традиција и се наоѓаат на привремениот список на светско наследство на УНЕСКО.
Градовите се наоѓаат во Германија (Баден-Баден, Бад Емс, Бад Кисинген), Чешка (Франтишкови Лазне (Франценсбад), Карлови Вари, Марианске Лазне (Мариенбад), Австрија (Баден), Белгија (Спа), Франција (Виши), Италија (Монтекатини) и Обединетото Кралство (Бат).
Местата претставуваат историски лековити бањи, кои главно во 19. и раниот 20. век ги карактеризирале туризмот и лекувањето во Европа. Тие биле важни точки во развојот на глобалниот туризам. Еднакво важните приморски бањи не се вклучени во барањето за стекнување на статусот на светско културно наследство.