Голема шлука
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Шлука
Вид: Голема шлука
Научен назив
Gallinago media
(Latham, 1787)
Синоними

Capella media (Latham, 1787)
Gallinago major
Scolopax media Latham, 1787

Gallinago media - јајце

Големата шлука (Gallinago media) е мала крајбрежна птица од родот Gallinago. Големите шлуки се размножуваат во мочуриштата и влажните ливади со ниска растителност во североисточна Европа, како и севрозападна Русија. Тие се птици преселници кои зимата ја поминуваат во Африка. Ги среќаваме и во Македонија. Европската популација на овие птици е во голем пад.

Опис

уреди

Големата шлука е долга од 27 до 29 см, со распон на крилјата 42-46 см и тежина 150-260 g. Перјето во основа е светлокафено со бели линии на крилата, а од клунот кон очите и грбот се протегаат темни линии. Овие птици се познати по нивниот брз и издржлив лет. Забележано е дека можат да летаат до 97 километри на час, без некоја особена помош од ветрот. Исто така, може да летаат непрестајно 48 часа, а поминуваат преку 6 760 километри при преселбата.[2] Крилата не им се особено аеродинамични, без зашилени краеви, и вообичаено не сопираат да јадат иако имаат можности. За тоа време ги користат резервите од масти.[2]

Размножување

уреди

Во сезоната на парење, мажјакот го започнува своето додворување во самрак правејќи сложени фигури. Стои исправено со накострешени пердуви на градите и раширена опашка. Или скока во воздух и произведува различни звуци како тропкање, кликање, свиркање, џагорење. Големата шлука гнездото го прави на добро скриено место, на земја. Несат 3-4 јајца.

Исхрана

уреди

Овие птици пасат во меката кал, избирајќи ја храната што им е на дофат. Тие главно јадат инсекти и дождовни црви, а повремено и растенија. Многу тешко се забележуваат во својата животна средина, со своите бои се камуфлирани и претопени во околината. Кога ќе се исплашат, летаат прилично подалеку додека повторно не навлезат во растителноста.

Статус

уреди

На големите шлуки се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Gallinago media. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 None, Ker Than (June 6, 2011). „World's Fastest Bird? Chubby Snipe Snaps Nonstop Record“. National Geographic. Посетено на August 12, 2011.

Надворешни врски

уреди