Големата Мајка (награда)
Големата Мајка - награда и признание што ја доделува скопската Општина Гази Баба.[1] Наградата се доделува на физички и правни лица од Македонија и од странство, за значајни остварувања од претходната и тековната година, до објавувањето на конкурсот, како и за подолг период на работа и творештво, што заслужуваат внимание на општината Гази Баба. Таа се доделува за областите: култура, уметност, наука, млади и спорт, образование и воспитание, хуманост и солидарност, заштита и унапредување на животната средина и природата, аграр, стопанство и невладин сектор. Се доделува еднаш годишно. Наградата Големата Мајка се состои од: статуетка на Големата Мајка, плакета и паричен износ.
Добитници
уреди- 2015: ОУ„ Крум Тошев“ од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, Мартин Несторовски - каратист од КК Металург за врвни спортски достигнувања;[2] проф.д-р Бранко Крстевски - во категоријата млади и спорт, за посебни заслуги во развојот на физичката култура и спортот, Горјан Петрески - за постигнати резултати во областа на културата, Весна Трајковска - од областа на образование и воспитание, Снежана Милковска - за постигнување од областа на науката, фирмата „Вардарградба“ - од областа на стопанствот, М-р Маја Михајловска и М-р Марија Михајловска - од областа на уметноста и Тефик Садриовски - за значајни остварувања во областа на хуманост и солидарност[3].
- 2016: Тања Метикош - одделенски наставник од ООУ „Дане Крапчев” за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието од наставнички кадар;[4], Пакомак - од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, Ахмедин Марукиќ - за постигнати резултати од областа на спортот, Кризниот центар Надеж - за постигнати резултати од невладиниот сектор, Стојанче Костовски - за постигнати резултати во областа на уметноста и културата, ООУ „Наум Охридски” - од областа на образование и воспитание, „Пивара” АД Скопје - од областа на стопанството, Д-р Борислав Илиев - од областа на здравството и Живко Попов - за наука.[5]
- 2017: Елизабета Георгиевска – за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието, Општински Сојуз на училиштен спорт на Гази Баба – за значајни остварувања во областа на спортот, Љубе Антовски – за значајни остварувања во областа на аграрот, м-р Ана Петровска – за значајни остварувања во областа на хуманост и солидарност, м-р Елена Канзурова – за значајни остварувања во областа на културата, ФАМЕС – за значајни остварувања во областа на уметноста и д-р Благица Цекова – за значајни остварувања во областа на науката[6]
Наводи
уреди- ↑ „Службен гласник на општина Гази Баба“ број 7/2012
- ↑ „Наградата „Големата мајка„ за Мартин Несторовски“. Архивирано од изворникот на 2019-05-31. Посетено на 2018-02-01.
- ↑ Општина Гази Баба го прослави 39-от роденден
- ↑ Награда „Големата мајка“
- ↑ „Општина Гази Баба го прослави 40-от роденден“. Архивирано од изворникот на 2017-09-10. Посетено на 2018-02-01.
- ↑ Градоначалникот Борис Георгиевски ја додели наградата „Големата Мајка“