Благица Цекова
Благица Цекова, истакнат научник во областа на хемијата и доктор на науки, (родена на 26 мај 1949 во Струмица) (почината октомври 2023) - е македонски хемичар, одговорен за многу резултати на планот на развојот и афирмацијата на хемиската наука во Македонија и во светот, како и на унапредувањето и на осовременувањето на образованието од областа на хемијата во Македонија.
До 2013 година (до нејзиното пензионирање) работи во средното стручно училиште на град Скопје СУГС“Марија Кири Склодовска“ како професор по стручни предмети и практична настава. Предмети кои ги предавала: Аналитична хемија (квалитативна), Аналитичка Хемија (квантитативна), Физичка Хемија, Хемија, Органска Хемија, Биохемија, Практична настава (од областа на квантитативната анализа и хемиско технолошкото испитување на материјалите), Погонски анализи, Хемиско – технолошко испитување на материјалите и многу други предмети.
Автор, ко – автор и рецензент е на голем број учебници наменети за средно стручно образование.
Авторски учебници на проф. д-р Благица Цекова се – Хемиско Технолошко испитување на материјалите (учебник за IV – година за хемиско – технолошката струка), издаден од МОН во 2010 година.
Автор е на учебникот – Заштита на земјиштето од корозија, учебник за III – година за Шумарско – дрвопреработувачка струка. Издавач МОН 2015 година
Проф. д-р Благица Цекова до нејзиното починување работи на МИТ Универзитет како вондреден професор по Хемија, Биохемија, Хемија во козметологијата, Фармакологија, Управување со квалитет и безбедност на храна Технологија на кознервирање на храната на Факултетот за менаџмент на Еколошки ресурси во Скопје. Дипломирала на Природно Математичкиот Факултет во Скопје (ПМФ ) на насоката Применета Хемија на институтот за Хемија, потоа се запишува на насоката Наставна Хемија и истата ја завршува. Магистерските студии ги завршува на Технолошко - Металуршкиот Факултет во Скопје, поради големата желба кон Силикатните соединенија се запишува на насоката Силикатна технологија на институтот за Неорганско инженерство при ТМФ Скопје. Нејзиниот магистерски труд е со наслов „Синтеза на зеолит тип 4А“ одбранет на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје на Зеолити. Специјалистичките студии ги реализирала на Универзитетот Мартин Лутер во Република Германија. Нејзиниот главен научен интерес лежи во Синтезата на зеолити и природни суровини и биохемиско инженерство. Таа објавила и презентирала над 400 научни трудови на научни конференции, симпозиуми нив светот.
Добитник е на голем број награди во 2019 година добитник е на наградата Големата Мајка што ја доделува општината Гази Баба за значајни остварувања во областа на науката и голем број на златни и сребрени медали, награди и признанија на ЕКОНОВА и МАКИНОВА.
Починува ненадејно по кратко боледување во октомври 2023 година на 74 годишна возраст.